Полагањето за возачка дозвола во Германија станува луксуз, отсега ќе чини меѓу три и четири илјади евра

Часови за возење /Возачка дозвола илустрација / Фото: Shotshop GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Часовите за обука за возачка дозвола во Германија се поскапи од кога било досега, пишуваат германските медиуми и наведуваат дека оние кои сега сакаат да седнат зад волан мора да издвојат од три до четири илјади евра. Ова, предупредува германскиот автомобилски клуб (AвД), ќе доведе до тоа возачката дозвола да остане сон за оние со ниски, па дури и средни примања.

Затоа, возачките дозволи се во опасност да станат луксуз, поради што АвД ги повикува политичарите да реагираат, пишува списанието Феникс. Високите цени може да доведат до проблеми на повеќе нивоа, бидејќи за многу занимања неопходна е возачка дозвола со Б категорија.

АвД, исто така, забележа дека часовите за возење стануваат сè поскапи. Автоклубот утврди дека најголем двигател на цените се „зголемувањето на цените на возилата, зголемувањето на трошоците за гориво и пред се зголемувањето на трошоците за персоналот, бидејќи има сериозен недостиг на инструктори за возење“.

Меѓутоа, кога станува збор за цените, постојат големи регионални разлики. Според информациите на АвД, до 95 евра за час возење се плаќаат за т.н., пропишани со закон, специјални патувања (најмалку дванаесет часа на автопати, селски патишта, возење во темница).

Тука спаѓаат основните административни трошоци и трошоците за теоретска настава, кои во моментов се помеѓу 400 и 600 евра, основни часови по возење во траење од 45 минути, кои чинат помеѓу 55 и 75 евра по обука, 12 специјални часови кои чинат помеѓу 65 и 95 евра (4 часа на автопатот, 5 часа во град и 3 часа ноќно возење).

Потребно е да се издвојат пари за материјал за учење помеѓу 60-80 евра, трошоците за теоретскиот испит кои чинат околу 22,49 евра за Б категорија, трошоците за одржување на практичниот испит 116,93, трошоците за практичниот испит што ги наплатува авто школа кои се меѓу 50 и 100 евра, очен преглед кој може да се направи кај секој оптичар и чини 6,43 евра, курс за прва помош кој е помеѓу 14,5 и 40 евра, фотографии како за пасош кои се околу 5-10 евра и барање за возачка дозвола која зависи од местото и се издава во управата за сообраќајни дозволи и чини меѓу 40 и 70 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот