Фото: Jane Barlow/ AFP/ Profimedia

Погребот на кралицата Елизабета чинел 162 милиони фунти: На што отишле парите?

Министерството за финансии на Велика Британија, објави дека погребот на кралицата Елизабета Втора ја чинела владата околу 162 милиони фунти.

Имено, државниот погреб, кој беше одржан на 19 септември 2022 година, следеше по периодот на национална жалост. За тоа време, стотици илјади луѓе го посетија Вестминстер каде што беше изложен ковчегот со телото на кралицата.

Најголем дел од трошоците кои се однесуваат на погребот, пропратните настани и изложувањето на нејзиниот ковчег, ги обезбедиле Министерството за внатрешни работи и тоа 73,3 милиони фунти и Министерството за култура, медиуми и спорт, со повеќе од 5, 42 милиони фунти. Останатите финансии биле обезбедени од Министерството за одбрана со 2,9 милиони фунти, како и Канцеларијата за надворешни работи со 2 милиони фунти.

Дополнително средства кои ги одвоиле владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска, министерството за финансии подоцна целосно им ги вратиле.

Главниот секретар на Министерството за финансии, Џон Глен во официјалното обраќање изјавил дека приоритет на владата во тоа време било да обезбеди настаните да се одвиваат непречено и со соодветно ниво на достоинство, истовремено обезбедувајќи ја безбедноста на кралското семејство и безбедноста на граѓаните.

На погребот се собраа многу светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот