Погледнете како се олабавуваат мерките ширум светот, една земја во Азија дури и не воведе мерки

САД ковид/ Фото EPA-EFE/Alba Vigaray

Државите ширум светот почнаа делумно да ги укинуваат своите рестриктивни мерки, балансирајќи помеѓу ризикот од заразата и враќањето во погон на своите економии.

Британскиот премиер Борис Џонсон се врати на работа откако и самиот го прележа ковид-19. Тој пред камерите се појави видливо послаб и со подолга коса.

Борис Џонсон држи говор откако ја победи заразата со Ковид-19 / Лондон, Велика Британија, 27 април 2020 / EPA-EFE/NEIL HALL

Пандемијата на коронавирус досега усмрти повеќе од 207.000 луѓе ширум светот, а заразени се скоро три милиони луѓе, според податоците на Универзитетот Џон  Хопкинс. Најмногу заразени има во САД.

Најбогатите европски земји известуваат за пад на дневната бројка на смртни случаи, надевајќи се дека најлошиот дел од епидемијата е зад нив.

Физиотерапевтот Мадс Џесен во Клиниката во Хвидовре, Данска, работи со пациентка / 20 април 2020, Данска / EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Данска дозволи да се отворат фризерските салони. Отворени се и стоматолошките ординации, физиотерапетските салони, автошколите, а дозволена е дури и нова тетоважа.

Јани Рост, сопственичка во Феир Тату работи на првиот клиент во нејзиното студио во Копенхаген откако повторно го отвори бизнисот / 20 април 2020 / Данска / Фото. EPA-EFE/Niels Christian Vilmann DENMARK OUT EPA-EFE/Niels Christian Vilmann

Италија и државата Њујорк во САД ги изнесоа првичните планови за враќање на животот во нормала, а се очекува истото неделава да го сторат и Франција и Шпанија.

Во Швајцарија денеска продавниците беа отворени, а  учениците во Норвешка се вратија во основните училишта.

Жена вработена во цвеќарницата La Rose d’Or по еден месец се враќа на работното место / Лозана, Швајцарија 27 април 2020 / EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Сепак, британскиот премиер Џонсон предупредува дека е рано Велика Британија да ги олесни своите рестриктивни мерки. Во своето прво обраќање до јавноста после неколку недели, 55-годишниот лидер рече дека не може „да ја отфрли целата напорна работа и жртвување на британскиот народ и да ризикува уште едно големо ширење на инфекцијата“.

Досега во Велика Британија починаа 20.000 луѓе, а владата на Џонсон сè уште е критикувана дека доцна започнала со воведувањето на мерките.

Економските прогнози предвидуваат најголем економски пад од Големата депресија во 1919 година, во време кога цената на нафтата исто така беше на екстремно ниско ниво.

Во Соединетите Американски Држави, претседателот Доналд Трамп два дена не ја одржува својата дневна прес-конференција, жалејќи се дека тоа нема никаква смисла, сојузните држави со голема брзина стават крај на воведените мерките, кои милиони луѓе оставија без работа.

Страв и нетрпеливост

Европските влади кои веќе ги објавија своите планови за ублажување на мерките се соочуваат со стравови и нетрпеливост од општеството.

. Човек вработен во продавница за книги во Наполи се припрема да го отвори објектот / Наполи, Италија 27 април 2020 / EPA-EFE/CESARE ABBATE

Во Италија, католичките свештеници се бесни поради продолжување на забраната за собирање на поголема група луѓе, а некои учители во Франција стравуваат дека враќањето на учениците во училиштата на 11 мај, би можело да биде премногу ризично.

Германија започна да ги укинува мерките минатата недела, а некои граѓани се нетрпеливи поради мерките кои остануваат на сила. Сè уште има мали, дневни протести против ограничувањата на личните слободи.

20 април 2020: Се отвараат продавниците во Хајделберг, Германија EPA-EFE/RONALD WITTEK

Гувернерот на Њујорк ги истакна плановите за постепено отворање на економијата. Тој најави дека дел од фирмите за производство и градежништво може да се вратат на работа на 15 мај.

Дел од сојузните држави со кои раководат конзервативци го забрзаа пристапот. Пример е Џорџија, која, спротивно на советите на здравствените работници и ставот на Трамп, дозволи повторно да работат илјадници бизниси и канцеларии, исто така и Оклахома, која од мај дозволи работа на рестораните и кината.

Клиент влегува во тукушто отворениот салон за нокти во Џорџија, Атланта, САД / 27 април 2020 / EPA-EFE/JOHN AMIS

Гувернерот на Џорџија беше критикуван, поради неговата одлука за отворање на бизнисите, од неговиот партиски колега, претседателот Доналд Трамп.

Во Швајцарија, од денеска на голем број сектори им е дозволено да работат, вклучувајќи ги стоматолозите и фризерите, а Нов Зеланд исто така се подготвува за излез од карантинот.

Во Кина, по неколку месеци пауза, средношколците се вратија во клупите во Пекинг и Шангај.

Средношколци во Пекинг носат заштитни маски / 27 април, Пекинг, Кина / Фото: EPA-EFE/WU HONG

Кина тврди дека бројот на заразени драматично се намалил откако коронавирусот се појави таму кон крајот на минатата година.

Но, сè уште постои страв од втор бран на заразата и случаите кои доаѓаат од странство.

Учениците во Пекинг мора да ја измерат температурата пред да влезат во училиште и мора да имаат „зелен“ здравствен код на апликација, што пресметува колку е голем ризикот од инфекцијата за тоа лице.

Ученици излегуваат од училиштето Нанву со заштитни маски / Гуангдонг, Кина 27 април 2020 / Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Во потрага по нова нормала на секојденевието

Додека научниците се натпреваруваат да го пронајдат лекот и вакцината за коронавирусот, државите експериментираат со пристапот за безбедно продолжување на секојдневниот живот и покрај пандемијата.

Неколку земји планираат да воведат апликација што ќе ги предупредува корисниците дека се во близина на некој кој е позитивен на коронавирусот.

Aвстралија воведе апликација за следење на Ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Речиси два милиони Австралијци веќе ја инсталирале апликацијата на своите паметни телефони, и покрај загриженоста дека технологијата ја нарушува нивната приватност.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте предупреди дека жителите ќе треба да носат маски и строго да ги применат мерки за социјална оддалеченост кога на 4 мај ќе се укинат сегашните ограничувања.

Италија влегува во ера на „одговорност и соживот со вирусот“, рече Конте во обраќање до нацијата.

Во исто време, милиони муслимани во светот се навикнуваат да го одбележат Светиот мецес Рамазан без да се молат во џамиите и без големи семејни собири.

Луѓе во Пакистан се молат додека се обидуваат да ја одржат препорчаната дистанца / 19 април, Карачи, Пакистан / Фото: EPA-EFE/SHAHZAIB AKBER

Саудиска Арабија делумно ги укина ограничувањата, но најави дека светиот град Мека останува затворен.

Исто така, постојат земји кои не воведоа никакви мерки поради пандемијата.

Пример е изолираниот Туркменистан, држава во централа Азија, една од ретките земји што тврди дека нема случаи на инфекција.

Туркменистан / EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот