Овие држави немаат заболени случаи: Како тие успеале да го задржат коронавирусот?
Додека само неколку држави и понатаму дозволуваат влез на странци, а поголем дел од граѓаните во светот живеат во некој облик на блокада и карантин, изгледа дека коронавирусот се прошири во секој ќош на планетата.
Препорачано
Меѓутоа постојат 15 земји членки на ОН и други населени територии кои се уште не пријавиле прв случај на коронавирусот.

Присуството на некои од земјите на оваа листа, која е составена на 19 април, како што се затворените Северна Кореја и Туркменистан, која се граничи со Иран, е многу сомнително. Тие како и другите земји, веројатно имаат непријавени случаи на коронавирусот.

Меѓутоа, според официјалната статистика, ова се последните места на светот без Ковид-19. На листата се наоѓаат 15 држави и 11 постојано населени територии.
Земјите кои немаат пријавени случаи на коронавирус се Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски острови, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Соломонски Острови, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Северна Кореја.

Одалечената локација може да биде една од причините зошто се уште нема вирус во некои од тие места, како што се Комори, островска држава крај источниот брег на Африка и Тувалу во Тихиот океан.
Други преземале брзи и драстични мерки за да го запрат потенцијалното ширење на вирусот. Тонга, на пример, ги затворила своите граници за сите меѓународни пристигнувања, прогласи вонредна состојба и воведе строг ноќен полициски час.

Меѓутоа, податоците кои ги изнеле другите земји, би требало да се земат со доза на резерва, со обзир на близината на погодените земји.
Северна Кореја, на пример, продолжува да инсистира на тоа дека нема вирус во државата и покрај тоа што има повеќе од 10.000 потврдени случаи во Јужна Кореја.

Туркменистан, кој дели граница со четири земји, вклучувајќи го Иран, исто така тврди дека нема забележан ниту еден случај меѓу популацијата од 5,8 милиони луѓе. Слично е со Таџикистан, кој има 9,1 милион жители и дели граница со Кина. Претседателот на земјата тврди дека нема ниту еден случај.

Во Африка, Лесото е една од двете земји без случаи на коронавирус – Комори е другата, но нејзината граница со Јужна Африка, која пријавила илјада случаи, значи дека мала е веројатноста дека земјата потполно го избегнала вирусот.


