Погледнете како изгледа вечното почивалиште на Метју Пери: Со причина се отсранети цвеќињата

Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / 17 ноември 2022 / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познатиот актер Метју Пери беше погребан минатиот петок, опкружен со семејството и најблиските пријатели. На неговиот гроб тој ден беше положено цвеќе кое вчера било отстрането. И секако има причина за тоа.

Цвеќињата се отстранети за да се спречи собирање на јавноста на гробот на Метју Пери. Познатиот актер почива покрај великаните на Холивуд, но се чини дека неговото семејство сака точната локација засега да се чува во тајност, односно сѐ уште не се подготвени јавноста да се собере на локацијата каде почива холивудската ѕвезда.

Фото: Profimedia

„ТМЗ“ известува дека Метју Пери бил погребан во Светилиштето на скапоцената љубов, приватен дел од гробиштата кој е затворен и изолиран. Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Причината за приватноста секако е во тоа што Метју Пери е погребан покрај Кери Фишер, Деби Рејнолдс, Мајкл Кларк Данкан и Рони Џејмс Ди. До понеделникот имало огромен цветен аранжман на неговиот гроб, кој во меѓувреме бил отстранет.

Гробницата на Метју Пери допрва треба да биде официјално означена, но надгробните плочи обично се завршуваат и се поставуваат подоцна.

Метју Пери почина на 28 октомври во Лос Анџелес. Тој бил пронајден мртов во неговото џакузи. Причината за смртта на познатиот актер ќе биде објавена по сите токсиколошки анализи.

Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија

ВИДЕО | Обожавателите бараат да се отстрани една сцена од „Пријатели“: Тие ја предвидоа иднината на Метју Пери

ФОТО | Погребан Метју Пери, „Пријателите“ се испратија со својот драг колега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот