Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Daily Mail Online

Метју Пери беше погребан со присуство на неговото семејство и најблиските пријатели, а неговите колеги од серијата „Пријатели“ не останаа до крајот на церемонијата да го испратат во вечното почивалиште, пишува „Дејли меил“.

Актерот Метју Пери, легендарниот Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“, ненадејно почина на 55-годишна возраст. Неговото безживотно тело го пронашол неговиот асистент во џакузито пред неговата куќа во Лос Анџелес.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Тој беше погребан минатиот петок во Лос Анџелес, со богослужба одржана во црквата Forest Lawn Cemetery. На погребот присуствувале бројни колеги и пријатели, меѓу кои беше и познатата петорка од култната серија „Пријатели“. Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс и Дејвид Швимер пристигнаа заедно, облечени во црни костуми за да се простат од Метју Пери, по што им се придружи и Мет Лебланк, но не останаа до крајот на погребот.

Како што пренесуваат странските медиуми, познатите актери не присуствувале на вториот дел од приватниот погреб.

Актерската екипа на „Пријатели“ не присуствувала на вториот дел од погребот, кој се одржал подалеку од црквата, која се состои од неколку отворени парцели. Тоа е посебна, поскриена област. На тој дел присуствувало само семејството на Метју Пери и најблиските пријатели. Помалку од дваесет луѓе.

Гробиштата каде што почива Метју Пери се спроти студиото на Ворнер Брос каде се снимаа 10 сезони од серијата „Пријатели“.

Мајката на актерот, Сузан Пери, не можеше да ги задржи солзите на погребот на нејзиниот син, додека неговиот татко Џон Бенет Пери беше обземен од тага, а неговиот очув, Кит Морисон, беше еден од носителите на ковчегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот