ФОТО | Погребан Метју Пери, „Пријателите“ се испратија со својот драг колега
Најблиските роднини, пријатели и соработници се испратија со актерот Метју Пери на приватен погреб на гробиштата Форест Лон во Лос Анџелес, САД.
Препорачано
На погребот присуствувале неговата мајка Сузан Морисон (84), неговиот очув Кит (76) и неговиот татко Џон Пери (82).
Неговите колеги од популарната телевизиска серија „Пријатели“ („Friends“), Џенифер Анистон (54), Лиза Кудроу (60), Кортни Кокс (59) и Дејвид Швимер (57) пристигнале заедно за да се збогуваат со својот пријател.

Гробиштата се спроти студиото „Ворнер Брос“, каде што култниот ситком се снимаше десет сезони, и е последното почивалиште на многу други починати ѕвезди.
Церемонијата завршила со изведбата на песната „Don‘t Give Up“ од Питер Габриел .
„Немаше суви очи. Имаше многу солзи и смеа. Зборуваа само блиските пријатели и семејството“, изјави извор за „Дејли мејл“.

По церемонијата, Пери бил погребан во темно дрвен ковчег, а присуствувало само семејството.
Не е познато дали Пери побарал црква за последното збогување или тоа било одлука на семејството. Исто така, не е познато дали ќе се одржи јавна церемонија за збогување со актерот.


