Подвиг за историја: Полски алпинист четири дена се качувал до Монт Еверест без кислород, два дена се спуштал – на скии!
Полски алпинист стана првиот што се спуштил на скии од Монт Еверест без кислород. Анджеј Баргиел прво со скиите на рамо се искачи на највисокиот врв на светот – на 8.849 метри надморска височина, а откако стигнал до врвот, се спуштил надолу.
Препорачано
Баргиел (37), претходно имаше два неуспешни обида, движејќи се низ „зоната на смртта“ и опасниот леден водопад Кумбу.
„Самиот врв беше напорен и тежок. Никогаш во животот не сум поминал толку многу време на таква надморска височина, па тоа само по себе беше предизвик. Скијањето надолу по Еверест без кислород беше сон што растеше во мене со години“, изјави Баргиел.
Зоната над 8.000 метри е позната како „зона на смртта“, зашто на таа височина има само една третина од кислородот што се наоѓа на нивото на морето. Алпинистите се соочуваат со ризици, како што се висинска болест, течност во белите дробови, па дури и фатален оток на мозокот.

И покрај ова, тој помина речиси 16 часа, борејќи се со разредениот воздух. Баргиел стигнал до врвот во понеделникот, по четиридневно искачување од базниот камп до врвот, а се спуштал на скии во текот на следните два дена. Го поделил своето враќање на етапи, преминувајќи го опасниот леден водопад во зори, кога бил постабилен.


