Подрачното училиште „Даме Груев“ прво во Битола ќе добие фотоволтаици
Подрачното основно училиште „Даме Груев“ во с. Долно Оризари е првото училиште во Битола кое ќе добие фотоволтаици.
Препорачано
Денеска во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, беше потпишан трипартитниот договор, по кој започнуваат оперативните активности за поставување на фотоволтаици на подрачното основно училиште во с. Долно Оризари.
-Фотонапонскиот систем ќе биде поставен со средства во висина од 400.000 денари, донација од Амбасадата на Народна Република Кина во земјава. Амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо како донатор, градоначалникот Тони Коњановски како примател на донацијата и претставници на фирмата изведувач Солар Спектар АГ Дооел од Скопје, го потпишаа трипартитниот договор, со кој практично започнува изведбата на системот со вкупна инсталирана моќност од 12,1 Киловат-час-информираат од Општина Битола.
Оттаму додаваат дека покрај обезбедувањето на донацијата, како локална самоуправа продолжуваат со капитални инвестиции за кои оваа година исплатени се 154.000.000 денари, или 45,10% од планираното било реализирано.
Инаку, во подрачното основно училиште „Даме Груев“, учат околу 160 ученици од прво до деветто одделение, а во состав на објектот е сместена и една група на деца од предучилишна возраст.


