ПОДОБРО ДА МУ ЗАБОДЕА НОЖ ВО СРЦЕ: Навивач на Евертон го истетовира грбот на Ливерпул (ВИДЕО)

Навивачот на Евертон уште од своето детство, Алан, е главна вест во англиските медиуми бидејќи мораше на себе да го истетовира грбот на најголемиот ривал, Ливерпул, и тоа поради облог.

„Скај Спорт“ објави дека Алан го загубил облогот од сопругата и поради тоа мораше на себе да истетовира дека Ливерпул е шампион на Премиер лигата во 2020 година.

Алан за телевизијата изјави дека од дете е навивач на Евертон, но паричката не падна на неговата страна и мора да ја испочитува желбата на сопругата.

Ливерпул се уште официјално не ја добија шампионската титула во Премиер лигата, имаа 22 бода предност пред Манчестер сити на 10 кола до крајот на сезоната, и само чудо може да го попречи да не ја освои титулата која ја чека полни 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот