Подгответе се: Наскоро во продажба албумот со сликички на „Панини“ – ЕВРО 2020!

Фото: Принтскрин/facebook.com/panini.makedonija

Сите со нетрпение го очекуваме дебитанскиот настап на нашата најдобра репрезентација на европските шампионати.

А како најава на тоа задоволството ќе биде уште поголемо што ќе се собираат сликички и од македонската А селекција која за првпат ќе се најде во албум на едно вакво големо натпреварување.

Како што известува фејсбук страницата на Панини – Македонија, од 5 април ќе биде во продажба официјалниот албум со сликички на Панини – ЕВРО 2020.

Фото: Принтскрин/facebook.com/panini.makedonija

Не е објавена цената на албумот и сликичките, јавноста веќе покажува голем интерес и тоа треба правовремено да се дознае.

Подгответе се, ова е желба и сон на сите генерации, секако албум не собираме првпат, но сега имаме посебна причина и убав повод..

Романците знаат кој е најопасниот играч на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот