Романците знаат кој е најопасниот играч на Македонија

Фото: ФФМ

Николае Дика, еден од помошниците во стручниот штаб на романската селекција ги сподели очекувањата во пресрет на утрешниот прв квалификациски натпревар (20.45 часот) за пласман на Мундијалот во Катар против селекцијата на Македонија.

Нашата селекција е веќе во Букурешт каде што денеска ќе го има и официјалниот тренинг.

Дика знае од каде ќе доаѓа најголемата опасност во текот на утрешниот меч:

– Имаме амбиции да се пласираме на Светското првенство. Пандев е еден од најважните играчи во репрезентацијата на Македонија, но мислам дека Елмас е најопасниот. Тој игра во Наполи и на последните 30 метри може да ја направи разликата. Мораме да размислуваме со намерата дека ќе победиме на овој меч. Сакаме да бидеме агресивни од стартот во овој квалификациски циклус, желбата се девет максимални бодови, но би бил задоволен и со седум во првите три натпревари – се зборовите на Дика.

Покрај дуелот со нашата селекција, Романците на 28 март ќе бидат домаќини и на Германија, а на 31 март во Ереван ќе се соочат со Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот