ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА ЃУЛЕН НА ШТРЕК: Издадени налози за апсење на 108 поддржувачи на ФЕТО во Турција

Фото: Профимедиа

Во две одвоени истраги утрово издадени се налози за апсење на 108 лица осомничени за членство во организацијата ФЕТО, која Турција ја прогласи за терористичка.

Во рамките за истрагата за ФЕТО, Обвинителството во Измир издаде налог за приведување на 51 осомничени, меѓу кои и сменет директор на полицијата, двајца адвокати, петмина полициски службеници и еден универзитетски професор.

Речиси во исто време во Државното обвинителство во Анкара нареди лишување од слобода на 29 осомничени. Тие се товарат дека во 2013 година ги украле прашањата за државниот испит за прием на судии и обвинители и на тој начин овозможиле инфилтрирање на нови терористички елементи во правосудниот систем на Турција.

Додека Обвинителството во Анкара нареди и приведување на уште 28 осомничени за членство во ФЕТО.
Групата ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, за официјална Анкара е организатор на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 човек, а околу 2.200 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот