Поддршка на „МојДДВ” од Манчевски, досега скенирани 16,3 милиони фискални

Од почетокот на мерката поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) заклучно со вчера се скенирани 16.333.516 фискални сметки и е остварен промет од 8341,449,275 денари. Повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 135,893,436 денари или 2,210,000 евра.

Кампањата „Мој ДДВ” ја поддржа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Мерката дава резултати, забележано е и значително подобрување во односот на граѓаните кон нерегуларности при издавање фискални сметки. Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е за 100 проценти поголем во однос на минатата година. Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија“, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Од почетокот на МојДДВ до почетокот на минатиот месец наплатата на ДДВ е зголемена за 10 проценти во однос на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот