Податок од необјавена студија: Вакцината на „Фајзер“ и на „БајонТек“ може да спречи инфекција
Заедничката вакцина против ковид-19 на американски „Фајзер“ и на германски „БајонТек“, може да заштити од инфекција, покажуваат резултати од сè уште необјавена студија, што може да го зголеми потенцијалот на лекот како инструмент за борба против пандемијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Досега клиничките испитувања покажаа дека лекот ефикасно спречува само развој на симптоми на болеста во 95 отсто од случаите, но остана нејасно дали вакцинираните лица сè уште можат да се заразат со вирусот и потоа да го пренесат на други.
Вакцината е „многу ефикасна” во спречување на инфекции со коронавирус, се наведува во нацрт-студијата спроведена од „БајонТек“ и од „Фајзер“ и на израелското Министерство за здравство.
Студијата, за која пишува агенцијата ДПА, е преземена од израелската информативна веб-страница Ynet и не е официјално објавена во рецензиран научно списание.
Истражувањето се базира врз израелски здравствени податоци за вакцинирани и невакцинирани лица. Неодамна беше објавено дека земјата регистрирала намалување на случаите за 94 отсто, благодарение на вакцината.


