Почнуваме со Алжир: Познат распоредот на Македонија на „Президент Купот“

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација со три порази ја заврши првата фаза на Светското првенство, па така ќе продолжиме во утешниот „Президент Куп“ каде што ќе треба да се бориме за место од 25. до 35. Позциција.

Македонија ќе биде единствената селекција од Европа која заврши на овој куп и ќе игра во групата 2 каде што противници ќе ни бидат Алжир, Мароко и веројатно Тунис. За Тунис да не биде во „Президент Купот“ треба да направи сензација и да слави против актуелниот шампион Данска.

Натпреварите од „Президент Купот“ почнуваат на 19. јануари, а прв наш противник ќе биде Алжир.

РАСПОРЕД ЗА „ПРЕЗИДЕНТ КУПОТ“:

Група 2 (Орлен Арена, Плоцк)
Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30)
Мароко – Тунис/Белгија (19 јануари, 18:00)

Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30)
Македонија – Тунис/Белгија (21 јануари, 18:00)

Тунис/Белгија – Алжир (23 јануари, 15:30)
Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот