Фото: EPA-EFE/MANUELA SOLDI

Почнува новата сезона во НБА лигата, Оклахома е фаворит за титулата

Новата сезона 2025/26 во американската професионална кошаркарска лига (НБА) започнува со Оклахома сити која ќе ја започне одбраната на титулата дома со натпревар од 01.30 часот по полноќ против Хјустон рокетс.

Покрај тој дуел, Лос Анџелес Лејкерс нешто подоцна од 04.00 часот по македонско време ќе игра против Голден стејт во ноќта помеѓу вторник и среда.

Според обложувалниците во САД, Оклахома е фаворит во новата сезона, предводена од Шеј Гилџес-Александер, која беше најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел и финалето минатата сезона.

Оклахома ја освои титулата минатата сезона по седум натпревари во големото финале против Индијана пејсерс.

Најголеми конкуренти на Оклахома се тимовите од нивната Западна конференција, Денвер предводен од Никола Јокиќ и Лос Анџелес лејкерс со Леброн Џејмс, кој ќе ја игра својата рекордна 23 сезона, и Лука Дончиќ.

Тука се и Голден стејт и Лос Анџелес клиперс, како и Хјустон, за кој ќе дебитира Кевин Дурент.

Во Источната конференција се издвојуваат Кливленд и Њујорк, минатогодишниот финалист Индијана, Орландо и Минесота.

Повредите на клучните играчи ќе ја одбележат новата сезона, кошаркарот на Портланд, Дамијан Лилард, ќе ја пропушти сезоната поради повреда на Ахиловата тетива, а Џејсон Тејтум од Бостон и Тајрис Халибартон од Индијана исто така ја имаат истата повреда.

Не е познато дали Кајри Ирвинг ќе игра оваа сезона за Далас, откако минатата сезона ги скина лигаментите на коленото. Првиот избор на драфтот, Копер Флег, ќе дебитира за тимот на Далас.

Во текот на сезоната, 30 тима ќе бидат поделени во Источна и Западна конференција. Регуларниот дел ќе се игра до 12 април, по што ќе се игра плеј-ин, а потоа и плејофот. Во текот на сезоната ќе се игра и НБА Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот