Почнува 18. Танц Фест Скопје: Пат кон полнолетството

Перформансите „Општествена критика“ и „Самовили и демони“ на Бобан Русески од Скопје и „Пат до месечината“ на Раде Обрадовиќ од Нови Сад на 9 април ќе го отворат патот на Фестивалот „Танц фест Скопје“ кон полнолетството.

Со мото „Танцувајќи на работ“ од 9 до 20 април ќе се одржат девет вечери во рамките на програмата на 18. „Танц фест“. Големо финале на програмата ќе биде доделувањето на наградата „Менада“ и настапот на танцовата компанија „Марта Греам“ од Њујорк, САД.

Наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот ќе ѝ биде доделена на актуелната уметничка директорка на компанијата, Џенет Ајлбер, на сцената на Македонскиот народен театар, на 20 април, во 20 часот.

– Горда сум што фестивалот, на својот 18 роденден, успеа да ја донесе оваа извонредна компанија во Скопје, со што ќе ѝ овозможи на својата публика уникатно задоволство да ги види креациите на Марта Греам, создадени во 1937, 1942, 1957 и 1981 година, како и креациите што ги создаваат новите кореографи инспирирани од нејзиното творештво.

 

Перформанс на Марта Греам

 

Публиката на „Танц фест Скопје 2022“ е една од ретките што ќе имаат ексклузивна можност да ја видат компанијата на Греам и уникатното историско наследство, како сведок на стогодишниот развој на современиот танц во живо, за што огромна благодарност искажуваме за поддршката на Американската амбасада во Скопје и на фондацијата „American Dance Abroad“ – вели уметничкиот директор на „Танц фест Скопје“, Рисима Рисимкин.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 124, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10 април 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот