Фото: EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Почна судењето за попречување на правдата против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, се изјасни за невин по второто обвинение поднесено против него во Хаг за попречување на правдата, објави „Газета експрес“.

Во Хаг денеска започна судењето против Хашим Тачи, Башким Смакај, Исни Килај, Фадил Фазлиу и Хајредин Кучи во посебен предмет што се однесува на наводно попречување на правдата и влијание врз сведоци, додека во исто време се очекува одлуката во главниот процес за воени злосторства.

Седницата стартуваше со мало задоцнување, по што обвинителството го претстави резимето на обвинението и го одржа воведниот збор, а обвинетите уште еднаш се изјаснија дека не се виновни.

Во текот на денот воведно излагање имаше одбраната на Смакај, а започна и изнесувањето на аргументите од страна на одбраната на Килај.

Во обвинението, обвинетите се товарат за кривични дела поврзани со наводни незаконски обиди за влијание врз сведочењата на сведоци во судскиот процес за воени злосторства против Тачи и други.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за косовската ОВК

Според важечкото обвинение, во периодот од најмалку 12 април до 2 ноември 2023 година, за време на одделни посети во притворската единица кои не биле привилегирани, Тачи на своите сообвинети им пренесувал доверливи податоци за сведоци повикани од обвинителството во главниот предмет. Воедно, наводно им давал насоки и упатства како да влијаат врз нивните искази, при што обвинителството тврди дека станувало збор за координирани активности.

Овој случај е одвоен од главниот процес против Тачи и уште тројца поранешни водачи на ОВК за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, каде што завршните зборови веќе се изнесени и се очекува пресуда.

Заштитата на сведоците и стравот од можни притисоци со години се клучни причини судењето да се одвива во Хаг, а не во Косово. Денешното рочиште има поширока тежина, бидејќи покрај индивидуалната одговорност се отвора и прашањето за кредибилитетот на целиот судски процес и способноста на системот да гарантира постапка без заплашувања и влијанија.

ВИДЕО | Завршни зборови на судењето на поранешните водачи на ОВК во Хаг, обвинителството побара затворски казни од 45 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот