Почна сезоната на респираторни инфекции – во Козле 100 прегледи дневно

Бројот на деца со респираторни инфекции во детската болница Козле е зголемен. Хоспитализирани се 60 деца, а дневно се вршат околу 100 прегледи. Најчестите симптоми се покачена температура, отежнато дишење, објави Тв 24.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, за една недела регистрирани се 117 случаи на грип и слични заболувања, а најмногу заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.

Загадениот воздух дополнително негативно влијае на дишните патишта на децата. Децата со астма и алергии се препорачува редовно да ја примаат својата теерапија ординирана од лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот