Езерото Младост крај Велес / Фото: Фокус

Почна проектот за спас на Велешкото Езеро

За една недела се исчисти дел од коритото на Отовичка река која се влева во велешкото езеро Младост, а од вторник ќе се започне со чистење на крајбрежјето на езерото.

Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото, информираат од Општина Велес.

Како што информира за МИА Ване Маневски, директор на ЈПВ „Лисиче“, од вторник – 18 ноември започнува чистење на крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ од сува трска наслаги на земја и друг отпад. Работите ќе се изведуваат со подршка на механизација од АД „Водостопанство“ од Скопје.

Воедно во рамките на мерките за ревитализација за спас на езеро „Младост“ а што налага дотур на свежа вода во езерото Манев информира дека потоа ќе се прават бушотини на најмалку две локации покрај езерото, за дотур на свежа вода.

Тој потсети дека Владата годинава издвои 10 милиони денари за спас на велешко езеро „Младост“ за негово чистење и дотур на свежа вода.

Директорот Ване Маневски потенцира дека ЈПВ „Лисиче“ и Општина Велес, деновиве вршат интензивни преговори со Владата за трајно решавање на проблемот за спас на велешко езеро, со здрава и чиста вода. Тоа подразбира финансиска поддршка за доградба односно поврзување на цевководот од Хидросистемот „Лисиче“ на потегот од кај село Раштани до велешко езеро „Младост“.

Еколошка катастрофа на велешкото езеро Младост, полно е со амонијак и други отрови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот