Почина сопругата на Ричард Бренсон: Британскиот милијардер со емотивна објава се збогува од својата сакана Џоан
Џоан Темплмен, сопругата на британскиот милијардер и основач на „Вирџин груп“, Сер Ричард Бренсон почина на 80 години, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Во трогателна објава споделена на социјалните мрежи, Бренсон се збогува од својата сакана сопруга.
„Со скршено срце ја споделувам веста дека Џоан, мојата сопруга и партнерка со која бевме заедно 50 години, почина. Таа беше најпрекрасната мајка и баба што нашите деца и внуци можеа да ја посакаат. Таа беше мојата најдобра пријателка, мојата карпа, мојата водилка, мојот свет.
Те сакам засекогаш, Џоан“, напиша Бренсон.
Еден од најпознатите британски претприемачи истакна дека Џоан била „столб на нивното семејство“, додавајќи дека нејзиниот смирен и тивок карактер бил спротивен на неговиот авантуристички дух, но дека токму затоа биле совршен пар.
Двојката се венчала во 1989 година и добиле три деца, Холи, Сем и Сара Клер. Сара Клер починала кратко по раѓањето. Во објава од 2020 година, Бренсон рекол декаја запознал Темплман во 1976 година во „Манор“, студио за снимање во Оксфордшир, Англија. Тој раскажал дека Џоан работела во антикварница која продавала стари знаци и реклами.
Бренсон постојано истакнувал дека Џоан била личноста што го приземјила за време на сите големи деловни потфати – од авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“ до вселенскиот проект „Вирџин Галактик“.
Веста за нејзината смрт брзо се прошири низ медиумите, а бројни јавни личности изразија сочувство до семејството Бренсон.
Џоан Бренсон ги остави зад себе сопругот, децата и внуците, а семејството ја замоли јавноста за приватност во овој период на тага.


