Почина скопската легенда Алфонсо (ФОТО+ВИДЕО)

принтскрин/јутуб

На познатата Фејсбук група Стари Скопјани пред околу еден час е објавено дека познатата скопската легенда и актер Рефет, попознат меѓу народот како Алфонсо, починал.

„RIP Рефет-Алфонсо. Со својот скопски шарм ќе остане во вечно сеќавање на скопјани и во сеќавањата на тие што минале низ Скопје“.

Тој редовно беше присутен во скопските кафулиња, пиејќи го своето познато капучино, па дури и во дискотеките, секогаш облечен во бело одело.

Алфонсо сите добро го познаваат од познатиот филм за ромите „Шампионите од Шутка“, но тој исто така своја улога зема и во „Дом за бесење“ и „Црна мачка бел мачор“ на познатиот продуцент и режисер Емир Кустурица.

Фото: „Скопје се носи“

Како тој уживаше во својот живот раскажува и во интервјуто за Бла Бла ТВ во кое ги откри моментите на големото платно, соработката со Кустурица, филмот во Полска, модата, сакоата и машните, сликањата по градот, фалбите, како се фаќа женска, до кога ќе тера младалачки живот и друго, погледнете…

Почивај во мир!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот