Почина Шејн Мекгован: Фронтменот на легендарната група „Поугс“
Музичарот и фронтмен на познатата ирска група „The Pogues“ и еден од најголемите лидери на бендови на сите времиња Шејн Мекгован, почина на 65-годишна возраст по долгогодишните проблеми со нарушено здравје.
Препорачано
Оваа вест за тамошните медиуми ја потврди неговата сопруга Викторија.
– Шејн секогаш ќе биде љубовта на мојот живот и светлината што ќе ја чувам пред себе. Нема начин да се опише загубата што ја чувствувам и копнежот по само уште една негова насмевка што го осветли мојот свет – изјавила неговата сопруга Викторија, за „љубовта на нејзиниот живот“ пренесува „Њујорк пост“.
Во декември 2022 година, тој беше хоспитализиран со вирусен енцефалитис ( воспаление на мозокот ) и како резултат на тоа помина неколку месеци во 2023 година на интензивна нега.

Роден во Кент, Англија на Божиќ 1957 година, Мекгован ги покажал своите способности за раскажување приказни уште од млада возраст.
Тој ја освоил книжевната награда „Дејли мирор“ кога имал само 13 години и заработил стипендија во училиштето Вестминстер во Лондон за неговите есеи.
Мекгован е најпознат како фронтмен на келтскиот панк бенд „The Pogues“, кој постигна успех во 1980-тите со серија албуми и нивниот култен божиќен хит „Fairytale of New York“, а настапувал со музичари меѓу кои и Кирсти Мекол, Шинејд О Конор и Ник Кејв.



