Почина Роџер Мичел, режисерот на легендарниот филм „Notting Hill“

роџер мичел
Фото: Принтскрин / Instagram

Режисерот Роџер Мичел, кој ги режираше филмовите „Notting Hill“, „Venus“, и „My Cousin Rachel“ почина на 65-годишна возраст.

„Со голема тага семејството на Роџер Мичел, режисер, писател и татко на Хари, Рози, Меги и Спароу, ја потврдува неговата смрт на возраст од 65 години на 22 септември.“ стои во официјална изјава од неговиот публицист.

Причината за смртта не е објавена, но доаѓа ненадејно откако режисерот пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм.

Мичел беше најпознат како режисер на романтичната комедија „Notting Hill“ од 1999 година која беше глобален светски хит, во која играа Џулија Робертс и Хју Грант.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

 

Тој е исто така познат и по работата на бројни филмови по сценарија на Ханиф Куреиши, меѓу кои еден од најпознатите е филмот „Venus“ од 2006 година во кој глуми Питер О’Тул во улога која му донесе номинација за Оскар.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

Бројни славни личности се збогуваа со режисерот преку изјави и објави на нивните социјални мрежи. Џулија Робертс објави фотографија од режисерот велејќи дека ја сакала секоја минута која ја поминала работејќи со него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот