Фото: EPA/FRANK RUMPENHORST

Почина познатиот британски пејач Роџер Витакер

Еден од најпознатите британски пејачи на фолк музика, Роџер Витакер, почина на 87-годишна возраст. Во соопштението на неговото семејство се наведува дека уметникот починал на 13 септември во болница во јужна Франција, пишува „Дејли меил“ (Dailymail).

“Роџер беше култен уметник, прекрасен сопруг и татко. Тој допре многу срца со својата музика и секогаш ќе живее во нашите срца”, се наведува во соопштението на семејството на славниот пејач.

Витакер ги отепа хитовите „Durham Town“, „New World In The Morning“ и верзија на „Wind Under My Wings“. Неговата соработка со Дес О’Конор на песната „Sky Boat Song“ од 1986 година беше исто така многу забележителна.

Од 1964 година е во брак со сопругата Натали, со која има пет деца, Емили, Лорен, Гај, Џесика и Александар. Покрај нив зад себе остави и 11 внуци.

Тој бил кремиран на приватна церемонија во саботата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот