Славица Свидерска

Почина поетесата Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) со длабока тага и жалење ја извести јавноста дека денес, на 41-годишна возраст, почина поетесата, преведувачка и есеистка од Битола, Славица Свидерска.

„Свидерска беше доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023), „Мистичен си свету“ (2025), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017)“, пишува во соопштението од ДПМ.

Погребот ќе се одржи утре, 13 ноември, од 11 до 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот