Почина пејачот Бил Витерс, авторот на хитот „Ain’t No Sunshine”
Бил Витерс, американскиот соул пејач, кој ги напиша и отпеа хитовите како „Lean on Me”,„Ain’t No Sunshine” и „Lovely Day” почина на 82 годишна возраст поради срцеви проблеми, потврдија членовите на неговото семејство.
Препорачано
– Скршени сме поради загубата на нашиот сакан сопруг и татко. Ги спојуваше луѓето. Живееше мирен и повлечен живот во кругот на своето семејство и пријателите, но неговата музика засекогаш ќе му припаѓа на овој свет. Во овие тешки моменти, се надеваме дека неговата музика ќе им пружи утеха на неговите обожаватели, соопшти семејството на починатиот.

Тој три пати ја освои Греми наградата, а во екот на пандемијата на коронавирусот бројни здравствени работници, како и уметници направија обработка на неговата песна „Lean On Me“ и истакнаа како таа им помага во овие тешки моменти. Во песната „ Lovely Day“ тој пее за убава жена, а на крајот од песната го држи тонот полни 20 секунди, што е рекорд за било која песна на американската топ-листа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


