Почина Лиза Лоринг, првата актерка која ја одигра Венсдеј Адамс

Лиза Лоринг / Фото: Profimedia

Американската актерка Лиза Лоринг почина на 64-годишна возраст, како последица на мозочен удар. Таа беше првата актерка која го одигра легендарниот фиктивен лик Венсдеј Адамс, во првата телевизиска адаптација на „The Addams Family“ (1964-1966), објави „Гардијан“.

Лоринг починала во саботата, опкружена со членовите на нејзиното најблиско семејство.

„Таа си замина мирно, со двете ќерки држејќи ја за раце“, изјави нејзината ќерка за „Варајети“.

Нејзината блиска пријателка, авторката Лори Џејкобсон напиша на Фејсбук дека Лоринг „доживеала тежок мозочен удар, предизвикан од пушењето и високиот крвен притисок“ и дека била на апарат за кислородна поддршка три дена.

Лоринг го глумеше ликот на Венсдеј Адамс од 1964 до 1966 година во првата телевизиска адаптација на стриповите на карикатуристот Чарлс Адамс, кои биле објавувани во списанието „Њујоркер“ од 1938 до 1964 година.

Тогаш петгодишната актерка веднаш ги освои гледачите пред малите екрани и ги постави стандардите за тоа како треба да изгледа нејзиниот лик во следните телевизиски и филски адаптации на „The Addams Family“.

Повеќе на темата:

Серијата „Wednesday“ руши рекорди на гледаност на Нетфликс

Дали ова ќе биде најбарана фризура во 2023? Сите зборуваат за косата на популарната Венсдеј

Близу до оригиналот: Човек ја истетовирал Венсдеј, луѓето се шегуваат дека личи на Семјуел Л. Џексон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот