ФОТО | Близу до оригиналот: Човек ја истетовирал Венсдеј, луѓето се шегуваат дека личи на Семјуел Л. Џексон

Фото: Инстаграм/Твитер

Фотографија од тетоважа со ликот на Венсдеј Адамс, фиктивниот лик од истоимената серија на платформата Нетфликс, стана вистински хит на социјалната мрежа Твитер.

Имено, еден обожавател на популарната серија „Wednesday“ решил да ја истетовира актерката Џена Ортега, која го толкува ликот, но многумина сметаат дека тетоважата е апсолутно погрешна и дека истетовираниот лик повеќе личи на актерот Семјуел Л. Џексон.

„Дали е тоа Семјуел Л. Џексон?“, „Некој се тетовирал додека ширеа гласини дека Семјуел Л. Џексон ќе ја игра главната улога“, „Можеби клиентот побарал тетоважа од Семјуел Адамс“, „Семјуел Л. Адамс“, се дел од коментарите.

Некои пронајдоа сличност и со комичарот Гранд М.

„Мене не ми личи на Семјуел Л. Џексон, повеќе ми личи на Гранд М“, „Не можете да кажете дека не личи на Гранд М“, „Иста е ко оној малечкиот комичар“, велат други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот