Почина легендарниот германски фудбалер Уве Зелер: Симболот за лојалност и верност

Уве Зелер/фото: EPA/ANGELIKA WARMUTH

Фудбалска Германија денеска е завиена во црно бидејќи на 85-годишна возраст почина еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа земја, Уве Зелер.

Уве Зелер е роден во Хамбург на 5 ноември 1936 година и почнал да игра фудбал во локалниот клуб Хамбургер притоа постигнувајќи четири гола во победата на неговиот тим од 8:2 над Холштајн Кил во Купот на Германија.


Од тој момент стана јасно дека Хамбургер и Германија имаат нова фудбалска ѕвезда, но малкумина очекуваа дека тој ќе ја помине целата своја кариера во ист дрес.

Иако имаше понуди од најголемите италијански и шпански екипи, му остана верен на Хамбург со што стана симбол за лојалност и верност.

за Хамбург играше од 1953 до 1972 година и за тоа време на 476 натпревари 404 пати ја погоди противничката мрежа, додека два гола постигна во дресот на ирскиот Корк за кој одигра само еден натпревар.

Во Бундеслигата постигна 137 гола на 239 натпревари, а даде 21 во европските натпреварувања. Со Хамбургер беше шампион на Германија во 1960 година, а го освои и Купот на Германија три години подоцна. Беше најдобар стрелец во Бундеслигата во сезоната 1963-1964 година, а три пати беше прогласуван за најдобар играч на годината, 1960, 1964, 1970 година.

За германската репрезентација одигра 72 натпревари притоа постигнувајќи 43 гола, но не успеа да се искачи на светскиот врв, бидејќи во 1966 година со Германија загуби во финалето од Англија,  а четири години подоцна беше трет на СП во Мексико.

На Светското првенство во 1966 година беше избран во најдобриот тим.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот