Почина легендарниот актер од „Сопранови“: Глумеше мафијаш, а и беше мафијаш

Фото: Профимедиа

Американскиот актер Тони Сирико, најпознат по улогата во серијата „Сопранови“, почина вчера на 80-годишна возраст.

Сирико е најпознат по улогата на Поли Гвалтиери, познат како „Поли Вонатс“, еден од поручниците на семејството Сопрано.

Фото: Профимедиа

Тој на совршен начин го одглуми простиот и по малку нестабилен мафијаш, кого публиката го обожаваше поради неговите духовити забелешки.

Тони Сирико е Американец со италијанско потекло роден на 29 јули 1942 година во Бруклин, Њујорк.

Во младоста често имал проблеми со законот, а првпат бил уапсен кога имал седум години поради кражба во продавница.

Фото: Профимедиа

Во шеесетите години беше поврзан со мафијата и беше познат по прекарот „Јуниор“.

Тој бил апсен вкупно 28 пати, а два пати бил и осуден, првиот пат за недозволено носење огнено оружје, а вториот за учество во вооружен грабеж.

Интерес за глума пројавува уште во текот на служењето на втората затворска казна во затворот „Синг Синг“, поточно кога затворот го посетувала патувачка група актери наречена „Театар на заборавените“, која главно била составена од поранешни затвореници.

Фото: Профимедиа

Првата улога ја одигра во филмот „Лудиот Џо“ во 1974 година. Во текот на својата актерска кариера, тој се појави во неколку филмови кои беа успешни и кај критиката и во поглед на заработката, меѓу кои „Мртви претседатели“ од 1987 година и „Добри момчиња“ од 1990 година.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот