Почина јужноафриканската музичарка Захара на 35 години, беше на листата на 100 жени на „Би-би-си“

Фото: RODGER BOSCH / AFP / Profimedia

Наградуваната јужноафриканска музичарка Булелва Мкутукана, позната како Захара. Веста за нејзината смрт ја објави министерката за култура на земјата. Таа имаше само 35 години, пишува „Би-би-си“.

Захара поради компликации на црниот дроб беше во болница, а владата на Јужноафриканската Република му помагаше на нејзиното семејство.

Пејачката се прослави во 2011 година со нејзиниот албум „Loliwe“, кој се здоби со популарност низ цела Африка. Во 2019 година, Захара отворено зборуваше за нејзината борба со зависноста од алкохол.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Иако нејзиното семејство сè уште нема објавено официјално соопштение, обожавателите тагуваат и споделуваат убави спомени за пејачката на социјалните мрежи.

„Захара и нејзината гитара имаа неверојатно и трајно влијание врз јужноафриканската музика“, објави министерот Кодва на „Икс“.

Захара, која објави пет албуми, освои десетици домашни и меѓународни награди, во 2020 година беше вклучена во листата на 100 жени на Би-Би-Си.

Пејачката и текстописец ја искористи својата популарност за да проговори за насилството врз жените во Јужна Африка, нешто што откри дека лично ѝ се случило. Во интервју за локално радио минатата година, Захара рече дека нејзината музика не е за препознавање, туку за утеха на скршените души на кои им е потребно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот