Почина Исмет Хаџиу, единствениот пациент со целосно вештачко срце во Македонија

Фото: Принтскрин

Почина 41-годишниот Исмет Хаџиу, кој беше единствениот пациент во Македонија со целосно вештачко срце. Тој почина откако една недела бил во кома во приватната болница „Жан Митрев“,  каде што пред 14 месеци неговото срце му беше заменето со пластично, пренесува Нова ТВ.

Тој беше единствениот преживен пациент со ТАХ, од вкупно тројца, на кого беше направена оваа сложена операција, тука во државата.

Живееше приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми и чекаше да се отвори можност за трансплантација на срце. Иако знаеше дека рокот на траење на ваквото вештачко срце, кое е преодна форма до трансплантација е шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот