Почина Еди ван Хален – Синот се збогуваше со легендарниот гитарист!

Фото: Профимедиа

На 65-годишна возраст денес почина Еди Ван Хален, еден од основачите на легендарната хард рок група Ван Хален. Ван Хален долго се борел со рак на грлото, а веста за неговата смрт ја сподели неговиот син Волфганг.

„Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но татко ми, Едвард Лодевик Ван Хален, утрово ја изгуби долгата и мачна битка со ракот. Тој беше најдобриот татко што можев да го замислам. Секој момент што го поминавме заедно на сцената или надвор, беше подарок. Срцето ми е скршено и не мислам дека некогаш ќе се опоравам од оваа загуба. Те сакам, тато”, напиша Волфганг.

Еди се борел со ракот повеќе од една деценија, објавува ТМЗ. Како што наведуваат, тој минатата година бил неколку пати во болница, а неодамна бил на хемотерапија.

Но и покрај тоа, тој продолжил да присуствува на концертите и да вежба со неговиот син Волфганг, кој стана басист на Ван Хален во 2006 година.

Уште како дете покажал голема музикалност, а на гитарата и е посветил од 12-та година. Тој важи за еден од најдобрите рок гитаристи на сите времиња, а славата ја стекна со групата Ван Хален, која ја основаше со неговиот брат Алекс во 1972 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот