Во Охрид се случи возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски
Националната установа „Охридско лето“ на 7 март организираше осмомартовски концерт на кој настапи младиот виртуоз на класична гитара Дејан Милевски, охриѓанец со меѓународна уметничка кариера. Магичната атмосфера во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Милевски ја создаде со дела од барокната елеганција и композиции од романтизмот, а вечерта ја заокружи со избор од шпанскиот и …

