Почина долгогодишниот директор на Прилепска пиварница, Кирил Самарџиоски, Азески испрати телеграма со сочувство

Кирил Самарџиоски / фото: Маркукуле.мк

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејството Самарџиоски по повод смртта на Кирил Самарџиоски, еден од најдолгогодишните соработници и активни членови во највисоките органи и тела на Стопанската комора.

Претседателот Азески вели дека Стопанската комора на Северна Македонија е горда што во својата постава имала човек кој со својата работа и искуство, низ годините значително придонел за раст и развој на економијата и бизнис секторот во државата.

Кирил Самарџиоски беше реномиран бизнисмен, кој својот 45-годишен работен век во пиварската индустрија го започнува во далечната 1967 година. Во своето долгогодишно работно искуство остави зад себе низа успеси и постави основ врз кој „Прилепска Пиварница” се изгради во светски реномирана и насекаде препознаена компанија. За своите заслуги и залагања, во 2014 година станува добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.

Во 2016 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија беше одржана и промоција на монографијата „Сеќавања” за Прилепска пиварница. Поттикнат од самите почетоци на работењето на компанијата, г-дин Самарџиоски со многу факти, податоци, информации корисни за самата фабрика, но и за економијата на нашата земја, даде осврт преку текст и слики преточени во книга, пишувана неколку години, од срце инспирирана од првиот ден на почетокот на неговата работа, преку предизвиците со кои компанијата се соочила низ времето и достигнувањата и позицијата на компанијата во која се наоѓа сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот