Почина Денис Томас, основачот на легендарната група „Кул енд д генг“

Еден од основачите на соул фанк групата „Кул енд д генг“ (Kool & the Gang), Денис Томас, почина на 71-годишна возраст, објавија членовите на бендот на Фејсбук.

Во соопштението се наведува дека Томас починал мирно во сон вчера во Њу Џерси.

Музичарот, оригинален член на соул-фанк и ар-ен-би групата, беше саксофонист, флејтист и перкусионист, како и своевиден „водител“ на настапи, пишува Би-би-си.

Денис Томас последен пат свирал со бендот на 4 јули во „Холивуд боул“ во Лос Анџелес.

Неговото заминување е второ за помалку од една година што го погоди бендот, познат по хитовите како „Celebration“, „Jungle Boogie“ или „Get Down on It“, наведува „Дедлајн“.

Да потсетиме, минатиот септември, уште еден ко-основач на групата „Кул енд д генг“, Роналд Бел, почина на 68-годишна возраст.

„Кул енд д генг“ беа особено популарни во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, а нивната музика беше користена во филмските хитови како „Треска во саботата навечер“ и „Петпарачки приказни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот