Почина човекот кој живееше 70 години во машина што дишеше за него

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пол Александар, човекот кој живееше 70 години со челични бели дробови, почина на 78-годишна возраст.

Александар бил принуден да живее во метална конструкција тешка околу 270 килограми, откако се заразил со полио во 1952 година, на возраст од само шест години, и бил парализиран од вратот надолу, не можејќи сам да дише.

Тој итно бил пренесен во болница во Тексас откако развил симптоми и се разбудил во механичко челично белодробно крило.

„Откако преживеа детска парализа како дете, тој живееше повеќе од 70 години со бели дробови од челик. Отиде на колеџ, стана адвокат и автор. Неговата приказна патуваше далеку и нашироко и позитивно влијаеше на луѓето ширум светот. Пол беше неверојатен пример, кој ќе остане запаметен“, напишал Кристофер Улмер, администратор на страницата „GoFundMe“.

„Многу сум им благодарен на сите што донираа пари на мојот брат. Тоа му овозможи да ги живее последните неколку години без стрес“, напишал братот на Александар.

Вештачкото белодробно крило, всушност вентилатор кој наликува на метален ковчег, бара од пациентот да лежи во него додека уредот е цврсто прицврстен околу неговиот врат. Уредот работи така што вакуумот механички вовлекува воздух во белите дробови на пациентот чиј нервен систем и респираторни функции се уништени од полиомиелитис.

ВИДЕО | Човек живее во железна комора 70 години за да може да дише: Го надживеал семејството и завршил факултет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот