Почина Чед Меквин, ѕвездата од „Карате Кид“ и син на филмската икона Стив Меквин

Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Веста за смртта на актерот Чед Меквин, со јавноста ја сподели неговиот адвокат Артур Баренс.

„Со тешко срце објавуваме дека почина Чед Меквин, син на познатиот актер Стив Меквин. Во 2020 година, Чед претрпе повреда од која никогаш не се опорави целосно“, изјави Баренс.

Меквин починал во средата од откажување на органите на неговиот ранч во пустината Палм, изјавил за „Холивуд рипортер“ неговиот 40-годишен пријател Артур Баренс.

Чед Меквин е најпознат по улогата на Дач, еден од насилниците во оригиналниот филм „Karate Kid“ и неговото продолжение „Karate Kid II“. Тој, исто така, глумеше во филмови како „Skateboard“ (1978), „Martial Law“ (1991), „New York Cop“ (1993), „Death Ring“ (1992) and „Red Line“ (1995) и имаше планови да ја репризира неговата улога во „Karate Kid“ во спин-офот на Нетфликс „Cobra Kai“.

Надвор од актерството, Меквин се фокусираше на автомобилски трки, како неговиот славен татко.

Во изјавата на Инстаграм, неговите деца Чејс и Медисон напишаа:

„Неговото извонредно патување како љубезен татко кон нас, заедно со неговата непоколеблива посветеност на нашата мајка, навистина беше пример за живот исполнет со љубов и посветеност. Неговата страст за трки не само што го истакна неговиот исклучителен талент, туку и послужи како начин да го почитува наследството на неговиот татко, доказ за вредностите всадени во него“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот