Почина Богдан Маковеј, тренерот на Кометал ЃП и на женската репрезентација која беше хит на СП 1997

Денеска на 67-годишна возраст во Романија, почина ракометниот стручњак Богдан Маковеј. Маковеј е тренерот кој ги оствари првите големи успеси со женската ракометна репрезентација, а беше тренер и на Кометал ЃП во 1990-тите години.

Маковеј ја предводеше репрезентацијата на Македонија на Светското првенство 1997 година кое се одржа во Германија, а на кое ракометарките го освоија седмото место, што претставува најголем успех досега.
маковеј исто така беше и тренер на Кометал ЃП со кого играше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Интересно е што Маковеј во својата тренерска кариера најчесто предводеше женски екипи (Кометал ЃП, Влчеа) и репрезентации (Македонија и Романија), а има тренирано само една машка екипа, Пелистер со кого играше во финалето на Челинџ купот во 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот