Почина Бабушка од Евровизија, ја загуби борбата со ракот
Пејачката Зоја Дородова, членка на популарната група „Бурановски бабушки“ од Евровизија, почина од рак на 85-годишна возраст.
Препорачано
Тажната вест денеска ја соопштил претседателот на Малопургинскиот округ во Удмуртија, Александар Деев.
– Ова е ненадоместлива загуба за нашата култура, за сите нас. Моето најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите што ја делат оваа тага. Тага ја делиме со вас – рекол Деев во пораката на социјалната мрежа ВКонтакте.
Зоја Дородова е родена на 15 април 1940 година. Долго време работела како пекарка во пекарницата на Бураново, а потоа како млекарка во колективната фарма. Откако се омажила, се преселила во селото Бабино, каде што работела како готвачка и раководителка на училишната кујна.
Подоцна се вратила во родното Бураново и се приклучила на креативниот тим кој станал широко познат во Русија и во странство поради учеството на Евровизија во 2012 година.
Групата „Бурановски бабушки“ го освои второто место на натпреварот на Евровизија во 2012 година.
ФОТО+ВИДЕО | „ЛЕЛЕК“ победи на „Дора“, Хрватска испраќа етнозвук на Евровизија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


