Тетовска болница. / Фото: МИА

62-годишен маж почина по компликации од грип во тетовската болница

Во текот на изминатата недела во Македонија е регистриран уште еден смртен случај поврзан со компликации од грип. Станува збор за 62-годишен маж од Тетово, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во тетовската клиничка болница.

Кај починатиот биле утврдени повеќе хронични заболувања, не бил вакциниран против сезонски грип, а лабораториски е потврден вирусот инфлуенца А (H3).

Институтот за јавно здравје соопшти дека од 26 јануари до 1 февруари, пријавени се 1.498 случаи на грип и заболувања слични на грип. Тоа е за над 12 проценти помалку во споредба со претходната недела и речиси двојно помалку во однос на истиот период лани.

Активноста на вирусот во моментов се оценува како ниска, но грипот и понатаму е присутен во повеќето делови од државата. Најмногу заболени има во Скопје, Прилеп и Струмица, додека во Берово, Делчево и Крива Паланка минатата недела не е пријавен ниту еден случај.

Најмногу заболени се лица на возраст од 15 до 64 години, но највисока стапка на заболување и натаму се бележи кај најмалите деца, на возраст до четири години. Висока активност на грипот е регистрирана во Охрид, Дебар и Гевгелија, додека во поголем дел од земјата активноста е сезонска или средна.

Од почетокот на сезоната досега, вкупно се регистрирани 11.415 случаи на грип и заболувања слични на грип, а бројот на починати лица поврзани со грип изнесува четири. Од Институтот за јавно здравје повторно апелираат граѓаните, особено хронично болните, постарите и родителите на мали деца, навреме да побараат лекарска помош и да не го потценуваат грипот.

ВИДЕО | На Инфективна клиника почина пациент од грип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот