Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – Слободен печат
ВестиМакедонија

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден" во Скопје.

Армијата согласно Правилото за воен протокол во Армијата, а во врска со одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Скопје ќе изведе две артилериски стрелби.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15:00 до 18:00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19:00 до 19:30 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)

Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден” во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close