По Жорге Мендеш, уште еден супер агент купува фудбалски клуб

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Пини Захави сака да стане сопственик на фудбалски тим.

Како што информираат полските медиуми, Захави е заинтересиран да го купи најславниот тим во оваа држава, Легија Варшава која во последно време се наоѓа во криза.

Преговорите веќе се започнати, и засега проблем претставува големата разлика во сумата. Актуелниот сопственици на Легија Варшава бараат 80 милиони евра додека Пини Захави не е подготвен да плати толку и нуди 30 милиони.

Доколку успее во намерата Пини Захави би станал вториот суперагент по Жорге Мендеш кој е сосптвеник на фудбалски тим. Иако на хартија не стои неговото име, португалските медиуми тврдат дека прволигашот Фамаликао е негов тим, односно дека е купен од страна на фирма зад која стои агентот на Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо…

Пини Захави кариерата ја започна како новинар во Израел од каде често патуваше во Англија на фудбалски натпревари. Добрите конекции и пријателствата му помогнаа да посредува во некои трансфери, а потоа сам стана агент и посредуваше во трансферите на поранешните англиски репрезентативци, Рио Фердинанд во Манчестер јунајтед и Ешли Кол во Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот