По тврдењата на Жан Митрев, премиерот очекува обвинителството да дејствува по допрен глас
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е изненаден, но дека нема што да коментира и „ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија“, за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Прашан за коментар на изјавата на Жан Митрев, Мицкоски, одговарајќи на новинариски прашања по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека не го изненадува тоа, но и дека би требало обвинителството да реагира по допрен глас.“
Мицкоски жестоко ги критикуваше уредбите со законска сила за вонредна состојба во државата кои се носеа во време на претходната власт, нарекувајќи ги „мафијашки упади“.
-Но, мене тоа не ме изненадува. Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се натсинхронизираше законот и Уставот во Македонија, изјави Мицкоски.
Има, посочи тој, многу сведоштва кои „говорат за однесувањето на Владата во тој период“.
-Вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат, не поминати во Собранието, треба да ги видиме, и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател, Стево Пендаровски и пред законите и пред Уставот, затоа што постојат основани сомневања дека голем дел од тие одлуки се спротивни на законот и спротивни на Уставот. Така што јас ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, истото што го чекаат сите граѓани во Македонија, изјави Мицкоски.
По тврдењата на Жан Митрев, премиерот очекува обвинителството да дејствува по допрен глас
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера на прес-конференција најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.
Жан Митрев завчера изнесе обвинување дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство во тоа време, Венко Филипче, „барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против Митрев.
ВИДЕО Филипче: Не сум го рекетирал Жан Митрев, претераа, ќе ги тужам


