По три месеци утрово полета првиот авион од аеродромот „Орли во Париз

Денеска планирани се 74 летови. Пред затворање на аеродромот дневно од „Орли“ полетуваа околу 600 авиони, изјави претседателот на аеродромот, Августин де Роман, за француското радио.

Аеродромот „Орли“ во Париз е отворен за летови по речиси три месеца откако беше затворен поради пандемијата на коронавирусот.

Првиот авион од аеродромот полета рано утринава, јави Би-Би-Си.

Патниците од Орли ќе можат да летаат до 25 дестинации, но денеска ќе има 74 летови во споредба со 600-те, што беше нормалната бројка пред кризата, изјави претседателот на аеродромот, Августин де Роман, за француското радио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот