По тримесечно лекување, закрепна кучето кое се појави пред „Лајка“ со загноена рана на вратот

Фото: ЈП „Лајка“

По тримесечно интензивно лекување од страна на стручниот тим во ЈП „Лајка“, кучето кое самото дојде пред прифатилиштето со огромна загноена рана на вратот настаната поради стегната жица е во добра здравствена состојба, информираат од ова јавно претпријатие.

– Изминаа 3 месеци од немилиот настан кога Расел се појави пред вратите на прифатилиштето на ЈП „Лајка“ во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица. По неколку месеци стручен надзор и хуман третман во прифатилиштето на ЈП „Лајка“, Расел во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба, раната веќе е во одмината фаза и не чувствува никакви болки при допир на местото каде се уште е видна лузната од раната. Расел без никаков отпор дозволува да му се стави околувратник и оди одлично на поводник – информираат од ова јавно претпријатие.

Расел со длабока рана на вратот во моментот на примање во Лајка/Фото: ЈП Лајка

Оттаму аплетираат до љубителите на кучиња, кои сакаат да си вдомат миленик, да го одберат Расел.

– Насмевката на Расел, неговата желба за живот и радост околу вработените во ЈП Лајка едноствано е неопислива. Ова прекрасно и исклучително мило куче заслужува да си најде дом и вистинско семејство час поскоро. Расел има 2-3 години, среден раст е и е микс од стафорд. Обожава да си игра, да трча и скока, сака да биде во друштво на луѓе. Сака да ужива под сенка во природа, има мил карактер и многу сака да се гали. Добро се однесува со други кучиња. Сите заинтересирани за вдомување на Расел може да ги испратат своите пријави на [email protected] информираат од ЈП „Лајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот