По седум години пауза, ЖРК Металург е новиот шампион

Фото: zrk.rkmetalurg.mk

Првото полувреме помина во една целосно израмнета борба и заврши само со минимална предност на ракометарките на Металург (12:11).

Вториот дел даде многу поразлична слика на теренот, фаворитките на овој меч одиграа според своите можности. Разликата во квалитетот брзо ги даде резултатите и Металург многу рано дојде до комотна предност од пет гола.

Брзите контри целосно го скршија отпорот на Стружанка и веќе немаше никаква дилема околу новиот освојувач на шампионската титула.

Фото: zrk.rkmetalurg.mk

Најефикасни во победата беа Граматова и Гичевска со по 10 голови, а во поразените редови Јованоска седум пати се запиша во листата на стрелците.

Со оваа победа, по седум години пауза, шампионскиот пехар се врати во Автокоманда, а ЖРК Металург ја прославува својата четврта титула во првенството на Македонија.

Воедно Металург се доближува на втората позиција меѓу најуспешните во историјата на натпреварувањето, со два трофеи помалку од Вардар. Сите преостанати сезони во Женската Суперлига му припаднаа на Кометал Ѓорче Петров, кој со 17 трофеи (од 1992/93 до 2008/09) и натаму е најуспешниот македонски женски клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот