По разводот и борбата за старателство БРЕД ПИТ најде време и за НОВА ЉУБОВ?!

profimedia

Во јули 2017 година, само една година откако неговата сопруга Анџелина Џоли поднесе барање за развод, животот на Бред Пит речиси се распаѓаше. Тогаш беше забележан несреќен, во бела несредена маица, изгледајќи целосно изнемоштено и намачено.

Две години од тогаш, работите се поинакви. Во екот на промоцијата на својот нов филм „Once Upon a Time in Hollywood“, Пит изгледа подобро отколку било кога и повторно ги освојува црвените теписи ширум светот.

„Му требаше малку време да си дојде на себе, и тоа траеше многу подолго отколку што мислеше дека ќе трае, но сега се чувствува добро и повторно е подготвен да се носи со се што животот му нуди“, тврди извор близок до актерот.

Јавноста сепак мислеше дека Бред Пит ќе остане само сенка од некогашниот успешен актер и дека никогаш нема да успее да се избори со алкохолот во кој тој, според наводите на изворот, буквално се давел.

Меѓутоа, откако минатиот август судот одлучи да му дозволи на Бред Пит повторно да ги гледа своите шест деца, кои ги има со Анџелина Џоли, тој повторно е оној стариот.

profimedia

Изворот наведува дека актерот летото ќе го помине работејќи на нови проекти, но и ќе се обиде повторно да воспостави добар однос со децата.

Се радува на се што доаѓа, а покрај кариерата и децата, запозна и една млада дама со која во моментов ужива“, признава изворот.

Според неговите зборови, Бред не планира ништо сериозно, туку ужива во слободата и својот гламур кој животот во Холивуд може да му го пружи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот